Хроника 10. март 2019. / 21:46

Малолетници каменувале воз и повредиле машиновозач

Малолетници каменувале воз и повредиле машиновозач

Каменуван е воз во движење во Скопје. Возот сообраќал од железничката станица Ѓорче Петров во правец на железничка станица Скопје Север. На влезот на железничката станица Скопје Север, бил каменуван од неколку малолетни лица кои биле на возраст од 12 до 15 години.

Покрај направената материјална штета, напаѓачите му нанеле и телесна повреда на машиновозачот З.Р. (50) од Скопје, бидејќи било скршено и предното стакло од неговата кабина, соопштуваат од МВР. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.