Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична против три лица на возраст од 17 години од Штип и едно лице на возраст од 16 од селото Звегор-Делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”.
Во периодот од 27.02.2018 до 01.03.2018 година во Скопје во интернат малолетниците изработиле лажни банкноти во апоени од 100, 200, 500 и 1.000 денари. По тоа на 04.03.2018 година од 01,30 до 04,00 часот во Делчево во кабаре две од лицата пуштиле во оптек лажни банкноти во апоени од 500 денари, соопшти МВР.