Во вечерните часови на вчерашниот ден 41-годишна скопјанка во полиција пријавила дека додека таа не била присутна, нејзиното малолетно дете исчезнало од собата во Клиниката за детски болести, каде што престојувале заедно.
Таа веднаш случајот го пријавила кај вработените, кои ѝ кажале дека детето било земено од 17-годишна мајка, која исто така лежела на Клиниката со своето дете. Малолетничката не била осигурена и избегала од Клиниката за да не ги плати трошоците, но со себе го зела и детето на 41-годишната скопјанка.
Според соопштението од полицијата, на мајката ѝ се јавиле домашните, кои ѝ рекле дека 17-годишата девојка го однела нејзиното дете дома. Набргу детето било повторно вратено на Клиниката, каде што ја прима потребната терапија и е во добра состојба.