Хроника 16. септември 2020. / 11:11

Македонски државјанин уапсен при влез во Косово поради фалсификуван тест за Ковид-19

Македонски државјанин уапсен при влез во Косово поради фалсификуван тест за Ковид-19

Косовската полиција објави денеска дека уапсила државјанин на Северна Македонија, затоа што при влез во земјата на граничниот премин во Генерал Јанковиќ приложил фалсификуван тест за Ковид-19.

Откако бил приведен, осомничениот изјавил дека документот го купил од непознато лице на улица во една од скопските населби.

Настанот се случил завчера, 14 септември, во 14.50 часот.

– Уапсено е осомничено лице, маж, Албанец, државјанин на Северна Македонија, затоа што при преглед на документите истиот приложил тест за Ковид-19, за кој постои сомневање дека е фалсификуван. При испитувањето осомничениот изјави дека документот го купил на улица во една скопска населба од непознато лице. Со одлука на надлежен обвинител, осомничениот е ослободен во редовна процедура, се вели во денешниот билтен на косовското МВР.