Хроника 29. јули 2019. / 12:39

Македонија тагува по смртта на актерот

Македонија тагува по смртта на актерот

Викендов почина легендарниот македонски актер Гоце Влахов и ја зави Македонија во црно, а трогателни пораки се нижат од неговите колеги и пријатели на неговиот Фејсбук.

– Почитувани пријатели и фанови на актерот Гоце Влахов, Со длабока болка и тага соопштуваме дека Гоце почина денес после храбра шестгодишна борба со рак. За оние кои сакаат да му оддадат почит, погребот ќе се одржи на 30.07 (вторник) во 11 часот во капелата во Бутел. – напишаа вчера неговата сопруга и ќерка.

Се простија и од МНТ.

– Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина актерот Гоце Влахов (1949-2019). Од 1980 година до пензионирањето Влахов е дел од Македонскиот народен театар – Скопје, иако остварува бројни улоги на оваа сцена од 1972 година. – соопштија од МНТ.

Гоце Влахов ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и претставата. Таа константност на играта му обезбедува важно место, место за паметење.