Хроника 26. декември 2018. / 11:08

Македонец жртва на крвна одмазда во Швајцарија

Македонец жртва на крвна одмазда во Швајцарија

Вчера 51-годишен сопственик на ресторан од Македонија со иницијали И.И. е смртно застрелан во швајцарското гратче Рити од кантонот Цирих.

Околу 2 часот полицијата била известена за три истрели што ѝ нанеле фатални повреди на жртвата пред ресторанот „Берен“, кој го водел од 2002 година и кој бил свртувалиште на луѓе од регионот со потекло од Македонија што таму се собирале за да играат карти. Непознатиот сторител е во бегство.