Хроника 26. март 2019. / 18:04

Македонец загина во пожар во ресторан во Италија

Македонец загина во пожар во ресторан во Италија

Италијанските пожарникари гасејќи пожар во угостителски објект во близината на Кротоне, пронашле мртов маж кој што подоцна било утврдено дека е 49-годишен македонски државјанин, објави порталот „Зум 24“.

Според неофицијалните информации, најверојатно македонскиот државјанин бил вработен како чувар во ресторанот. На лице место пристигнале и полицијата, а екипата од брза помош можела само да констатира смрт на 49-годишното лице, кој бил познат под името Антонио.

Полицијата испитува како настанал пожарот.