Хроника 22. јануари 2019. / 15:02

Македонец со лажен бугарски пасош се обидел да влезе во БИХ

Македонец со лажен бугарски пасош се обидел да влезе во БИХ

Македонски државјанин со фалсификувани бугарски документи се обидел да влезе на територијата на Босна и Херцеговина, но при проверка на документите гранична полиција во Бијелина го открила и го привела.

Тој поседувал лажен бугарски пасош, фалсификувана лична карта и лажна возачка дозвола.

Фалсификуваните документи кај лицето се откриени при проверка на автобус што патувал на линијата Белград-Бања Лука, јави БГНЕС.