Хроника 30. октомври 2018. / 15:56

Македонец прегазен во Холандија, собрани пари за враќање на телото

Македонец прегазен во Холандија, собрани пари за враќање на телото

Потребните 10.000 евра се собрани вчера вечерта преку Фејсбук за враќање во Македонија на телото на Мики Трпковски, кој вчера утрото со неговата девојка Алис Деси, возејќи велосипеди, беа прегазени со автомобил од пијан возач во холандскиот град Гус.

Триесетгодишниот Мики и три години постарата Алис ја преминувале улицата со велосипед во 4:15 часот утрото, кога на нив налетал 19-годишник зад управувачот на „пежо 206“. Двајцата велосипедисти загинале на самото место, а возачот продолжил со тешко оштетеното возило пред конечно да запре малку понатаму. Уапсен е и одведен во полициска станица, каде што е утврдено дека бил пијан.

Таткото и сестрата на Мики се веќе во Гус, а неговата мајка не можела да отпатува поради немање пасош, бидејќи никогаш не патувала во странство.

„Семејството сака да го пренесе Мики во Македонија колку што може побргу, но тоа нема да оди толку лесно. Се надеваме дека ќе може да замине од аеродромот ‘Шипхол’ во четврток или во петок“, изјави сестрата на Алис, Сара Деси.