Хроника 25. април 2018. / 15:13

Македонец лепел плакати со навредлива содржина за девојка во четири градови

Македонец лепел плакати со навредлива содржина за девојка во четири градови

Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против 39-годишниот Д.П. oд Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во Валандово, Струмица, Гевгелија и Богданци, пријавениот поставил плакати со навредлива содржина, на кои биле наведени личните податоци на М.У. и нејзината сестра С.Ф.

Исто така пријавениот на социјалната мрежа “Фејсбук”, креирал повеќе лажни профили и електронски адреси на име на М.У.