Хроника 21. ноември 2019. / 23:10

Мајката во шок, го однела детето во болница на преглед, откако видела на снимка како дадилката го тепа

Мајката во шок, го однела детето во болница на преглед, откако видела на снимка како дадилката го тепа

Мајката, чие дете дадилка го тепа на видео-снимка објавена од една скопска игротека, го однела детето на преглед во болница, а таму биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Јавноста е згрозена откако се појави видео снимка на која се гледа како жена, за која се докажа дека е ангажирана да чува три деца како негувателка, тепа едно од децата. Настанот се случил денеска во игротека во кафе барот „Дежа ву“.

Мајката се заблагодарила на персоналот на ресторанот и им кажала дека од видеото видела дека се работи за нејзините три деца.

Видно вознемирена раскажала дека сопругот и работи во странство, а додека таа е на работа, ја ангажирала жената за да ги чува децата.