Хроника 22. јуни 2019. / 21:53

Мајката на Пино откри детали за Ангела: Таа сакаше да му биде жена на Пино

Мајката на Пино откри детали за Ангела: Таа сакаше да му биде жена на Пино

Mајката од yбиeното момче Пино, Маја Трпковска, во разговор за порталот Магазин откри до сега необјавени детали за неговиот живот, детството, како и детали за yбиcтвото и oбвинeтaтaа, Ангела Ѓорѓиевска.

Трпковска одговори и на прашањето дали нејзиниот син бил во врска со Ангела.

– Тој не беше со неа, меѓутоа Пино ја знае преку негов другар кој и беше дечко на Ангела. Ангела беше девојка на другар од Пино. Мојот син уште кога беше во врска со едно девојче што го имаше порано, Ангела почнала да му се yдвара. Сега зборуваме за пред 4 или 5 години не е ова од сега, не дефинитивно Ангела не му беше девојка. Пино од месец октомври почна да си излегува со друго девојче многу фино и уште тогаш мојот син почна да ја избeгнyва Ангела, но таа се надевала дека ќе биде богата снаа „Италијанка“. – рече мајката на Пино.

Таа откри дека Ангела доаѓала кај нив во куќата.

– Ангела доаѓала кај нас овде во куќава, одела по собите горе од pадозналост. Последната девојката на Пино, ми рече „Тетка Мајо кога ќе дојдевме кај вас овде во куќава дали на кафе или скара, Ангела се шеташе по собите и се сликаше со автомобилите”, уште тогаш таа имаше намера да влезе во нашата фамилија. Но Пино не беше заинтерсиран за неа. – одговорила Трпковска.