Хроника 04. јануари 2021. / 17:23

Мајка и син пронајдени мртви во нивниот дом во Скопје

Мајка и син пронајдени мртви во нивниот дом во Скопје

Мајка и син биле пронајдени мртви во својот дом на улица „Призренска“, информира МВР.

-Вчера во 20:26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот биле пронајдени починати 91-годишната Љ.Б. и нејзиниот син, 57-годишниот М.Б.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопшти полицијата.