Хроника 01. октомври 2018. / 13:40

Мајка и бебе повредени во страшната сообраќајка во Центар

Мајка и бебе повредени во страшната сообраќајка во Центар

Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на булеварот Илинден кај „Фонтана“ во Градскиот парк во Скопје.

Според очевидци, мајка со бебе била во возилото кое изгубило контрола и удрило во бандера. Во сообраќајката учествувале комби и автомобил.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.