Хроника 27. март 2020. / 10:23

Магла и слаб снег на планинските превои

Магла и слаб снег на планинските превои

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на планинските превои Плетар и Пресека, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Маврово и на планинските премини Пресека и Стража.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози.