Намалена видливост поради појава на магла од 40–50 метри има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 50–100 метри на патниот правец Велес – Катланово, од 10-15 метри на патниот правец Тетово – с. Гајре, до 50 метри на патниот правец Св. Николе – Куманово, од 100-150 метри на патните правци Битола – Прилеп, М. Брод – Кичево, Дебар – Струга и Ресен – Охрид, соопштија од ЈП Македонијапат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.
Од ЈП Македонијапат, апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.