Ловџија бил застрелан од друг ловџија на местото викано „Мала рупа“ на планината Кожуф.
МВР информира дека по пријавата во Полициската станица во Гевгелија за повредено лице при лов, службеници веднаш излегле на местото и констатирале дека М.Т(31) од с. Богородица бил погоден од куршум од Б.Ѓ (52) од Гевгелија и починал на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија. Б.Ѓ. бил приведен во полициска станица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.