Четериесет годишен ловџија од село Црничани подготвувајќи ја пушката за лов се повредил во пределот на рамото и бил префрлен во Здраствениот дом Гевгелија од каде го пријавиле случајот во полиција.
Од страна на полициските службеници било утврдено дека станува збор за лице со иницијали И.Т (40) од с.Црничани, кој околу 10.30 часот, подготвувајќи jа пушката за лов, се повредил во пределот на левото рамо.
– Според пријавеното, откако ја наполнил со куршуми, пушката паднала и испукала еден куршум. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, стои во полицискиот билтен.