Хроника 05. октомври 2018. / 17:16

Лице под дејство на алкохол влегло во маркет во ГТЦ обидувајки се да украде алкохол

Лице под дејство на алкохол влегло во маркет во ГТЦ обидувајки се да украде алкохол

Непознато лице под дејство на алкохол, вчеравечер влегло во маркет во Градски трговски центар тетеравејќи се по рафтовите, барајќи го делот каде бил изложен алкохолот.

Вработените кога го забележале повикале обезбедување, по што тие го фатиле како се обидува да го напушти објектот со шише алкохол.

Откако му бил одземен алкохолот, на лицето му било дозволено да замине, пренесува Република.