Хроника 30. октомври 2018. / 15:40

Лажни пациенти измамиле гевгеличанец за 8.000 евра

Лажни пациенти измамиле гевгеличанец за 8.000 евра

Гевгеличанецот Н.В. (72) вчера во 13.25 часот во Полициската станица Гевгелија пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот две непознати лица го измамиле и му одзеле 8.000 евра.
Како што соопшти МВР, двете лица, кои зборувале на српски јазик, му се доближиле и му побарале пари затоа што, како што рекле, имале проблем со реализација на чек во банка, а парите им требале како гаранција, за едниот од нив да може да оди на операција во Струмица.

Според пријавата, тие требале само да ги покажат парите на лекарот и потоа ќе му ги врателе. Откако им ги дал парите, тие заминале и не се вратиле.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот