Хроника 21. март 2020. / 15:52

Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат

Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат

МВР соопшти дека на социјалната мрежа Facebook се забележани групи кои, претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните.

Групите од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи (лична карта, пасош), како и нивните податоци од платежни картички со единствена цел – искористување на податоците за натамошни криминални активности.

-Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности, стои во соопштението.