Хроника 06. октомври 2018. / 14:34

Лажела дека работи во владина институција и им земала пари за да ги “вработи”

Лажела дека работи во владина институција и им земала пари за да ги “вработи”

Вчера во 17.20 часот во Полициска станица Тетово лицата Љ.Ф.(39), К.Ф.(28) и С.Ф.(20) сите од село Слатина пријавиле измама извршена од страна на лице по име А.А. од Тетово.

Имено во текот на месец ноември 2017 година истите се запознале со А.А. која им кажала дека работи во владина институција во Скопје и дека има доста пријатели во политички партии и дека може да им помогне да се вработат за што од оштетените побарала да и донесат документи за завршено образование, а и во два наврати им земала и парични средства од околу 2.800 евра.