Хроника 12. јули 2018. / 18:07

Лаптоп компјутери и опрема украдени од основно училиште во Чаир

Лаптоп компјутери и опрема украдени од основно училиште во Чаир

Од основно училиште во Чаир украдени се лаптоп компјутери, полначи и глувчиња за компјутери при што е причинета материјална штета од 576 илјади денари. Кражбата е пријавена вчера во полициската станица во Бит Пазар.

Според полицискиот билтен, таа се случила во основно училиште на улицата „Коста Абрашевиќ“ во временскиот период од 6 до 10 овој месец. Украдени се 169 мали ученички лаптоп компјутери со полначи, 100 глувчиња за компјутери, 45 тастатури и 30 парчиња разводник за УСБ.

Кражбата е извршена така што е влезено од еден од прозорците во училиштето и со употреба на физичка сила отворени се кабинетите од каде се одземени предметите.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.