Без струја во околината на кумановско останаа 19 населени места, претежно рурални средини, по силното невреме кое го зафати Куманово попладнево.
Како што информираат од РЦУК, без струја се следните локации: Орашац, Доброшане, Скачковце, Лопате, Табановце, Опае, Ваксинце, Лојане, Черкези, Железничка Станица, Клечовце, Драгоманце, Довезенце, Доброшане, Старо Нагоричане, Јачинце, Косматац, Гладњо поле, Градиште.