Хроника 07. октомври 2018. / 11:11

Кумановка прегазена – со тешки повреди пренесена во Клиника во Скопје

Кумановка прегазена – со тешки повреди пренесена во Клиника во Скопје

Вчера во Куманово, на улица „11 Ноември“ Б.М.(20) од Куманово управувајќи патничко моторно возило „Форд мондео“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак Х.Р.(73) од Куманово.

Во незгодата Х.Р. се здобила со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош во Општа болница Куманово е префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.