Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против Д.З.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, информира МВР.
На 8 јуни околу 23.00 часот полициски службеници на улица „Лазар Поп Трајков“ го легитимирале пријавениот и кај него нашле полиетиленска кеса со растителна материја. По добиена усна наредба за вршење претрес во домот во кој тој привремено престојува биле пронајдени и одземени 147 саксии со Cannabis, 49,65 грама марихуана, 46,33 грама амфетамин, четири таблети 3,4 метилендиоксиметамфетамин (MDMA) психотропна супстанца, стимуланс на централниот нервен систем класифицирани во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанци, потоа дигитална вага, дигитален мерач за температура и влажност, тајмер и четири лед панели.
На Д.З. од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.