Хроника 24. април 2018. / 16:52

Кумановец во шок: Му го запалиле аудито пред станот

Кумановец во шок: Му го запалиле аудито пред станот

Ноќеска околу 02.30 часот, било пријавено дека на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово било опожарено патничко возило „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на С.К. од Куманово со стан на истата улица.

Од пожарот возилото целосно изгорело. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.