Хроника 25. август 2018. / 13:47

Кумановец слушнал детонација – експлозивна направа пронајдена во корпата за смет

Кумановец слушнал детонација – експлозивна направа пронајдена во корпата за смет

Кумановецот А.Д.(30) изутрината во 3:20 часот во СВР Куманово пријавил дека слушнал детонација од експлозивна направа пред капијата од неговата куќа.

– Излезено е на местото на настанот и првично е констатирано дека најверојатно е ставена експлозивна направа во корпа за смет пред капијата. Во настанот повредени лица нема, предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.