Хроника 04. септември 2018. / 12:25

Кумановец се обидел да убие сограѓанин

Кумановец се обидел да убие сограѓанин

Кумановската полиција го лиши од слобода 43-годишниот кумановец Љ.М. поради сомнение дека извршил кривично дело „убиство во обид“, соопшти СВР Куманово.

Според полицијата, Љ.М. на 2 септември во 21:45 часот, во стан на улицата „Доне Божинов“ со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на градите на 40-годишниот кумановец Н.Д., а со чаша го удрил по главата 47-годишниот М.С., по што побегнал.

Љ.М. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка.