Хроника 02. јули 2020. / 11:56

Кумановец паднал од скала додека работел на објект, починал на лице место

Кумановец паднал од скала додека работел на објект, починал на лице место

Седумдесет и четиригодишен кумановец починал откако паднал од дрвена скала додека работел на објект на улицата Мирче Ацев во Куманово.

Како што информираат од МВР, човекот се качил на скалата потпрена на бетонска бандера, но скалата се излизгала, а тој паднал пред влезот од гаражата и починал на самото место.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.