Вчера на патниот правец Велес – Скопје пред патарина „Петровец“, од страна на полициски службеници било сопрено возило „Рено“ со велешки регистерски таблици управувано од 25- годишниот Ф.З. (25) од Куманово.
– При контрола на возилото пронајдени биле 13 мигранти, меѓу кои три малолетни лица, сите од Авганистан, соопштуваат од МВР.
Ф.З. е задржан во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.