Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во два одделни инциденти кучиња скитници нападнале велосипедисти.
Во 13.25 часот во Полициската станица Карпош, Љ.Ј. (61) од Скопје пријавил дека на 01.04.2018 година во 13.00 часот на бул. „Партизански Одреди“, додека се движел со велосипед, бил нападнат и каснат од куче скитник.
Во 21.00 часот во Полициската станица центар, С.Р. (25) од Скопје пријавил дека на 03.04.2018 година околу 18.00 часот на ул. „Прашка“ бил нападнат и каснат за левата нога од куче скитник.