Хроника 12. март 2019. / 10:59

Кучиња скитници нападнале старица и момче

Кучиња скитници нападнале старица и момче

Вчера во Полициската станица Центар, П.Д. (76) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Вчера попладне пак во Полициската станица Центар, Љ.И. (31) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ нејзиниот 15 – годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.