Маж и жена од Скопје додека се движеле на кејот на Вардар, во делот кај МРТВ, биле нападнати и изгризани од кучиња скитници.
На 20.05.2019 година во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Р.Т.(48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
Истиот во 15.30 часот во Полициската станица Центар, М.В.(31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.