Хроника 03. мај 2018. / 13:50

Кучиња искасаа осумгодишно детенце во Скопје

Кучиња искасаа осумгодишно детенце во Скопје

41-годишната С.К. во Секторот за внатрешни работи Скопје, пријавилa дека околу 18,00 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември” додека нејзиниот осумгодишен син се движел по улицата, бил нападнат од страна на три кучиња-скитници, од кое едното го каснало во пределот на десната рака над лактот.

Детето било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.