Куче касна десетгодишно дете вчера во Гостивар.
Десетгодишно дете било повредено на екстремитетите од куче, извести полицијата. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи, триесет и седумгодишниот гостиварец Б.Х, вчера пријавил дека неговиот 10-годишен син кој околу 12 часот и 30 минути се враќал од училиште, на улица „Белградска“ во Гостивар бил нападнат и каснат од куче.
„Кучето се нафрлило врз детето и му нанесло повреди на десната надлактица и левата нога, а потоа избегало. Повреденото дете пренесено е во гостиварската болница, санирани му се раните на екстремитетите и пуштено е на домашно лекување“, информира полицијата.