Хроника 08. мај 2020. / 16:23

Крвична за скопјанец кој од Германија се заканувал на политичари и новинари

Крвична за скопјанец кој од Германија се заканувал на политичари и новинари

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против 32-годишен скопјанец, кој работи во Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Пријавениот, по пат на информатички систем, на 06 овој месец до електронската пошта на функционер од политичка партија и до електронска пошта на Владата испратил текст со говор на омраза.

-Потоа, лицето на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил постови во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија. Исто така, истиот ден објавил пост на „Фејсбук“ профил на една ТВ куќа во кој имал објава во која се ширел говор на омраза, се вели во полицискиот билтен.