Хроника 26. јули 2018. / 15:44

Крвава тепачка во Скопје – врие полиција кај Авто Мото Сојуз

Крвава тепачка во Скопје – врие полиција кај Авто Мото Сојуз

Тепачка предмалку се случила кај Авто Мото Сојузот во Скопје, дознава Пресс24.

Според податоците, настанала тепачка поради сега неразјаснети причини помеѓу млад скопјанец и група момчиња од Албанска националност, а во тепачката си разменувале удари со боксови и клоци.

Скопјанецот е пренесен во Градската болница, додека другите момчиња во Државна.

На местото на настанот вриело полиција.