Хроника 01. April 2019. / 13:36

Крвава тепачка во Неготино

Крвава тепачка во Неготино

Физичка пресметка помеѓу двајца 19 годишници се случила синоќа во 19.30 часот во Неготино. Според пријавата во неготинската полиција, јавниот ред и мир бил нарушен на улицата „Mаршал Тито”, кога физички се пресметале К.Л.(19) и У.М.(19).

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски вели дека по целосно документирање на случајот, против двајцата неготинци ќе биде поднесена соодветна пријава.