Жител на Дебар заработи кривична пријава поради непочитување на решението за самозолација.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, Одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.М.(19) од Дебар – изјави портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски.
Откако полициските службеници го затекнале на главната улца во градот, го привеле бидејќи не го почитувал решението од Центарот за јавно здравје со кое му се одредува мерка здраствен надзор и самоизолација во домашни услови во времетраење од 14 дена – посочи Димоски.
Во Дебар има 112 заразени со коронавирус, а во самоизолација се четриесеттина лица.