СВР Велес поднесе кривична пријава против З.А. (29) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“.
На 12.08.2018 година во ходник од станбена зграда на улица Васил Главинов во Велес, З.A. под дејство на алкохол со нож го прободел П.Н. (36) од Велес нанесувајќи му убодна рана во пределот под градниот кош.