Хроника 10. ноември 2020. / 17:58

Кривична за сопственик на локал во Тетово: Работел по полноќ, се служело алкохол на малолетници 

Кривична за сопственик на локал во Тетово: Работел по полноќ, се служело алкохол на малолетници 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Д.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’, информира МВР.

На 10/11.10.2020 пријавениот не се придржувал кон протоколот за отворање и работа на кафетерии, објавен во „Службен весник“ од 05.10.2020 и во периодот од 23.20 до 00.30 часот во угостителски објект, во негова сопственост, полициски службеници затекнале десет лица.

Според инфрмациите од МВР од затекнатите петмина биле малолетни и консумирале алкохол, а во футролата од мобилниот телефон на пријавениот била пронајдена и прашкаста материја.