Хроника 16. март 2019. / 11:28

Кривична за скопјанец кој превезувал мигранти

Кривична за скопјанец кој превезувал мигранти

Четириесет и едногодишно лице од Скопје доби кривична пријава поради сомнение за сторено кривично делоа „криумчарење мигранти“.

Полицијата соопшти дека на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

– На 14 март во 20.30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка Миравци, при контрола на патничко возило „алфа ромео 155“, полициски службеници пронашле пет мигранти, еден од Авганистан и четворица од Пакистан. – соопшти МВР.