Хроника 05. мај 2020. / 15:44

Кривична за скопјанец кој изработил лажни дозволи за движење за време на полициски час

Кривична за скопјанец кој изработил лажни дозволи за движење за време на полициски час

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 25-годишник од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“.

Имено на 22 април годинава, за време на забрана за движење, пријавениот заедно со вработен во хотел на булеварот „Александар Македонски“ од страна на полициски службеници им била извршена контрола при што приложиле лажно изработени дозволи.

Пријавениот на 13 април годинава, како управител на фирма, во име на правно лице, изготвил и со свој потпис и печат заверил дозвола на свое име, во која внел невистинити податоци и иста таква дозвола изготвил и на име на вработениот, со кои дозволи на себе и на вработениот дозволил движење за време на забрана за движење.