Хроника 19. октомври 2018. / 20:21

Кривична за прилепчани: Тепале сограѓанин со се што ќе стигнат

Кривична за прилепчани: Тепале сограѓанин со се што ќе стигнат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 57-годишниот К.А., 50-годишниот А.А. и 26-годишниот О.А., сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 24.09.2018 година во Прилеп, во градскиот пазар, во угостителски објект првопријавениот физички го нападнал Г.С. при што со шише му нанел телесна повреда во пределот на главата, а потоа заедно со второ и третопријавениот, продолжиле да фрлаат со разни предмети од инвентарот кон Г.С.