Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Според информациите, на 15.09.2018 година околу 15:00 часот во Куманово на улицата Бранко Богдановски-Гуцман пријавениот со употреба на нож му нанел исеченици на С.С. (45) од Куманово, во пределот на лицето и раката, по што побегнал.