Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Т.(46) од Крива Паланка, поранешен директор на Јавното претпријатие „Комуналец“-Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д.(58) од Крива Паланка, вработена како раководител на финансискиот сектор во Јавното претпријатие „Комуналец“- Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во октомври 2017 година, првопријавениот не поставил одговорно лице на погон во село Конопница и не преземал активности за воведување на евиденција на влез и излез на материјалите и производите, со што овозможил лице од село Конопница, од погонот со товарно возило да изнесе две палети со бекатонски плочи и жардињери и метална клупа.
Додека, второпријавената, иако била должна, не барала фактури и испратници за влез и излез на материјали и готови производи врз основа на кои требало да изготви финансиски пресметки.