Хроника 30. јули 2020. / 20:00

Кривична за две лица што измамиле гостиварец на кого му земале 7.600 евра за наводен стан

Кривична за две лица што измамиле гостиварец на кого му земале 7.600 евра за наводен стан

Жител на Гостивар бил измамен со лажна продажба на стан.

Настанот се случил пред три години, а мажот тогаш на измамниците им исплатил 7.620 евра.

Од МВР информираат дека измамата ја извршиле две лица Ј.А.(29) и Т.Л.(58), од Гостивар, а против нив деновиве поднесена е кривична пријава.

Тие на пријавителот Д.Л.(35) од Гостивар му понудиле стан за продажба во Струга, кој никогаш не го поседувале во нивна сопственост, за цена од 8.000 евра, сума која ја договориле со усмен договор – велат од МВР.