Хроника 22. септември 2018. / 13:57

Кривична против две лица – со пиштол ограбиле бензинска во Велешта

Кривична против две лица – со пиштол ограбиле бензинска во Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.М. (24) од струшкото село Велешта и П.О. (27) од Либражд, Република Албанија.

Пријавените, како што соопшти СВР Охрид, казненото дело го сториле на 3 август годинава во 3 часот и 45 минути на бензинска пумпа во близина на Велешта.

– Тие влегле во објектот и со вперен пиштол кон вработените ги побарале парите од прометот, по што извршиле пребарување во фиоките. Притоа, противправно одзеле 23.563 денари и жетони во износ од 2.940 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.