Хроника 05. октомври 2019. / 12:26

Кривична против државјанин на Турција заради трговија со луѓе

Кривична против државјанин на Турција заради трговија со луѓе

Регионалниот центар за гранични работи поднесе кривична пријава против Ј.М.С.(43) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 417 од Кривичниот законик.

– На 04.10.2019 во 02.40 часот во близина на наплатната рампа кај с.Смоквица, полициски службеници го запреле патничкото возило „мерцедес“, со германски национални ознаки, што го управувал пријавениот. При преглед во возилото биле пронајдени две лица без документи, а според нивните наводи станува збор за А.Х.(25) и В.Н.(25), двајцата од Авганистан – наведуваат од МВР.

Пријавениот и мигрантите биле приведени и задржани во Полициската станица Гевгелија.